18.8 C
Скопје
28. март 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
КОРОНАВИРУСМАКЕДОНИЈАИЗБОРТОП ВЕСТИ

Во Македонија стигнаа 100.000 вакцини од „Астразенека“, донација од Грција

Грција ѝ донира 100.000 вакцини од „Астразенека“ на Македонија. Истите веднаш ќе бидат дистрибуирани по вакциналните пунктови и наменети за лица над 60 години.

„Денес пристигна донација од 100.000 вакцини на производителот ‘Астразенека’ од нашиот сосед Република Грција. Уште еднаш се потврдуваат добрососедските односи и поддршка кои се особено значајни во време на пандемија. Голема благодарност до грчкиот народ и амбасадорот на Грција во нашата земја, Н. Е Русос Кундурос со кој утрово ги пречекавме вакцините“, напиша министерот за здравство, Венко Филипче, на „Фејсбук“.

Тој информира дека вакцините ќе бидат дистрибуирани по вакциналните пунктови и наменети за лица над 60 години согласно стратегијата за вакцинација.

„Вакцинацијата забрзува и од понеделник сите граѓани ќе може без закажан термин да се вакцинираат“, потсеува Филипче.

Спонзорирано:

Можеби ќе ве интересира

Јапонија донира 61.801 евра на универзитетската клиника за инфективни болести и фебрилни состојби

M T

Пристигнаа над 250.000 дози на „Фајзер“ како донација од Италија

M T

Научник од „Астра зенека“: Политичарите убија стотици илјади луѓе

M T

Донација на ОКТА за Здружението на граѓани за поддршка на лица со ретка болест Вилсон

M T

Донација од САСА на меѓународниот ден на лицатa со попреченост

M T

Откриен „окидач“ што доведува до ретки згрутчувања на крвта по вакцината Астра Зенека

M T