19. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
КОРОНАВИРУСТЕМАСВЕТ

Вакцинацијата станува задолжителна во Грција, еве и за кого …

Грција ќе објави задолжителна вакцинација за одредени професии следната недела, соопшти денеска владата, по неодамнешното зголемување на бројот на заболени од коронавирус.

Комисијата за биоетика во јуни препорача задолжителна вакцинација за здравствените работници и негувателите на стари лица „како последно средство“ и во одредена временска рамка доколку напорите за поттикнување на имунизацијата не дадат резултат.

Портпаролот на Владата, Аристотел Пелони, на прес-конференција рече дека следната недела Владата ќе објави одлука заснована на таа препорака.

Во Грција се дебатира дали задолжителната вакцинација е етички исправна, а истражувањето на телевизијата Скај покажа дека повеќето Грци ја поддржуваат ваквата одлука за вработените во секторите кои имаат контакт со граѓаните.

Од денес, властите повторно воведоа ограничувања за работата на рестораните, кафулињата и ноќните клубови и дозволија да ги посетуваат само клиентите кои седат.

Бројот на заразени лица во Грција расте поради ширењето на делта варијантата на коронавирусот.

Досега се вакцинирани околу 38 проценти од грчкото население, а владата донесе стимулации за имунизација, така што 70% од населението би се вакцинирало до есента.

Спонзорирано:

Можеби ќе ве интересира

Премиерот Ковачевски предводи делегација во работна посета на Атина, Грција

M T

Грција забрани капење на 12 плажи

M T

Грција и Кипар ја обвинија Турција за поттикнување на тензии

M T

Одел во Грција на одмор со семејството, го уапсиле за воени злосторства

M T

Еве колку чини литар бензин во Грција, а и Македонија веќе не е најевтина

M T

Во Грција е регистриран првиот случај на мајмунски сипаници

M T