13.8 C
Скопје
20. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Орегон постави пункт за ладење поради големите жештини

Во Портланд, во сојузната американска држава Орегон, откако скоро 200 луѓе починаа од горештините и топлото време, властите поставија пунктови за ладење.

„Овој огромен скок на смртноста поради топлото време е трагичен и нешто што многу луѓе не мислеа дека некогаш ќе го видат на северозападниот дел од Пацификот“, вели доктор Скот Линдквист, од државната здравствена служба во Вашингтон, а пренесува „Гардијан“.

Пацифичкиот северозапад на САД е погоден од топлотен бран, со рекордно високи 42 Целзиусови степени, пријавени во саботата во Портланд.

По должината на западниот брег, од канадската до мексиканската граница, повеќе од 20 милиони луѓе се под предупредувања или препораки во однос на жештините.

Спонзорирано:

Можеби ќе ве интересира

Во ОВАА позиција најлесно ќе СПИЕТЕ во текот на летото, жештините не ви можат НИШТО

M T

Справете се со жештините во текот на летните ноќи: Со помош на едноставни трикови, вашата соба ќе биде МНОГУ ПОЛАДНА

M T