20.8 C
Скопје
24. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Нова ерупција на Етна – улиците и покривите на Катанија под пепел

Поради дебелиот слој пепел што го испушта вулканот Етна, а кој во текот на ноќта се наталожил на улиците и покривите на куќите во Катанија и околните места, локалните власти го предупредија населението да биде внимателно бидејќи улиците се лизгави и опасно е да се оди со автомобил и пеш, јавуваат агенциите.

Вулканот исфрли лава висока до илјада метри, а чадот и вулканскиот материјал се искачија во атмосферата на висина од 6,5 километри.

Цивилната заштита на Катанија, главниот град на регионот – остров Сицилија, ги повика граѓаните да не ги напуштаат своите домови или да носат заштитни маски доколку се надвор бидејќи пепелта што произлегува од последната вулканска ерупција е штетна за органите за дишење.

Поради пепелта, аеродромот во близина на градот Катанија беше затворен кратко време.

Етна е најголемиот активен вулкан во Европа. Последната ерупција следуваше само 48 часа по последната.

Спонзорирано:

Можеби ќе ве интересира

Тонга по ерупцијата и цунамито – Поплавени острови, земјата и дрвјата покриени со пепел

M T

Пепелта е многу корисна: Ако се греете на дрва, не го фрлајте природниот производ од согорувањето

CENTAR MKD