13.8 C
Скопје
20. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
фото Pixabay/Илустрација
КОРОНАВИРУСИЗБОРТОП ВЕСТИ

„Фајзер“ ќе бара дозвола за трета доза од својата вакцина против Ковид-19

„Фајзер“ најави дека набргу ќе побара одобрување од американските регулатори за третата доза од својата вакцина против Ковид-19, чија употреба може значително да го зајакне имунитетот и да помогне во заштитата од најновите мутации на коронавирусот во рок од 12 месеци по имунизацијата.

Двете дози од повеќето вакцини се клучни за развој на високо ниво на антитела против сите мутации на коронавирусот, вклучувајќи го и делта-сојот, и повеќето земји низ светот сè уште се борат да ги обезбедат во време кога пандемијата продолжува да се смирува, но ваквите антитела природно исчезнуваат, затоа во тек се студии за да се утврди дали и кога ќе бидат потребни нови дози како засилувачи.

Научниот директор на „Фајзер“, Микаел Долстен, изјави дека првите податоци на компанијата сугерираат дека нивото на антитела кај луѓето се зголемува од пет до десет пати по третата доза во споредба со нивниот број по првите две и дека планираат да побараат од Американската агенција за храна и администрација за лекови итно одобрување за употреба.

Долстен посочи на податоците од Велика Британија и Израел, кои покажуваат дека вакцината на „Фајзер“ многу добро ја неутрализира делта-варијантата, а претпоставката е дека кога антителата ќе паднат доволно ниско, делта-вирусот може да предизвика лесна инфекција пред имунитетот да се бори против вирусот.

Сепак, одобрувањето на ФДА би било само првиот чекор, тоа не би значело автоматски дека на американските граѓани веднаш ќе им биде понудена трета доза од вакцината бидејќи здравствените власти ќе треба да одлучат дали тоа навистина е потребно, особено во околности кога милиони луѓе немаат никаква заштита.

Неколку часа по објавата на „Фајзер“, здравствените власти на САД издадоа соопштение во кое се вели дека на целосно вакцинираните Американци сè уште не им треба трета доза.

Здравствените регулатори на САД исто така нагласија дека одлука за можна трета доза од вакцината ќе се донесе само доколку научните докази покажат дека е потребна.

Истражувањата од повеќе земји покажуваат дека вакцината на „Фајзер“ и другите широко употребувани вакцини против Ковид-19 обезбедуваат силна заштита од многу заразната варијанта на делта-сојот, која бргу се шири во целиот свет и сега ги сочинува повеќето нови инфекции во САД.

Спонзорирано:

Можеби ќе ве интересира

Пристигнаа над 250.000 дози на „Фајзер“ како донација од Италија

M T

Директорот на „Фајзер“: Годишните вакцини против ковид би биле подобри од честите бустери

M T

Шефот на Фајзер: Омикронскиот бран е последниот во кој ќе имаме такви ограничувања

M T

ЕMA: Лекот на „Фајзер“ против Ковид-19 ќе биде во употреба за неколку недели

M T

Фајзер прави вакцина против сојот омикрон

M T

Франција ќе нуди трета доза три месеци по втората

M T