21.8 C
Скопје
28. март 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТСПОРТ

За две недели почнуваат Олимписките игри, а Токио воведе вонредна состојба

Владата на јапонскиот премиер Јошихиде Суга одлучи да воведе вонредна состојба во Токио поради коронавирусот, објавено е само две недели пред почетокот на Олимписките игри. Привремената вонредна состојба ќе биде во сила од понеделник до 22 јули, соопшти владата.

Предвидено е Олимпијадата да се одржи од 23 јули до 8 август.

Причината за воведувањето на четвртата вонредна состојба во Токио е уште едно значително зголемување на бројот на заразени. Вонредната состојба, сепак, не е затворање со строг полициски час како во другите земји.

Иако граѓаните се повикани да останат дома, рестораните се отворени, но не смеат да служат алкохол, ниту да има караоке, а навечер треба да се затворат порано од вообичаеното.

Јапонија не доживеала експлозија на пандемијата, како што имаше во другите земји, но има повеќе од 810.000 заразени и 14.900 мртви.

Бавната вакцинација значи дека само една четвртина од популацијата примила барем една доза вакцина против Ковид-19.

Одлуката за воведување нова вонредна состојба во Токио доаѓа денеска кога во главниот град е објавена бројка од 896 новоинфицирани лица, што е скоро како во средината на мај.

На спонзорите на Олимпијадата им е кажано дека доколку јавноста не смее да влегува на стадионите, сите настани ќе се одржуваат без навивачи, што значи дека билетите на спонзорите нема да можат да се користат и тоа ќе биде нов удар врз буџетот на Олимписките игри.

Спонзорирано:

Можеби ќе ве интересира

Почна државниот погреб на Шинзо Абе, строги безбедносни мерки во Токио

M T

Силен земјотрес од шест степени го погоди Токио

M T

Скандал во Токио – белоруска олимпијка не сака да се врати дома, бара азил

M T

Токио пријави рекорден број на новозаразени со коронавирус сред Олимписките игри

M T

Јапонскиот цар загрижен за Олимписките игри, можат да го прошират коронавирусот

M T