15.8 C
Скопје
29. март 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Судар на бродови во Јадранско Море, има и повредени

Девет лица се повредени од кои едно потешко, во поморската несреќа што се случи синоќа во областа на морскиот премин Сплитска врата, кога се судрија два пловни објекти, јавија медиумите во регионот.

На бродот на пристанишната управа биле пренесени 15 лица, од кои девет повредени, кои понатаму биле транспортирани во Клиничкиот болнички центар во Сплит.

Според написите, станува збор претежно за странски државјани, а како што се наведува, некои од нив имале крв и гребаници на лицето предизвикани од судирот на пловните објект.

Капетанот Никола Бркуćиќ за дел од медиумите изјавил дека два пловни објекти се судриле на милја и пол од сплитската порта, па веднаш по повикот, брод на пристанишната управа испловил од Милна и ги зел повредените патници од бродовите.

Спонзорирано:

Можеби ќе ве интересира

Судар на два воза во забавен парк во Германија, повредени се најмалку 34 лица

M T

Бродови и авиони во базите на НАТО – Алијансата испраќа дополнителни сили во Источна Европа

M T

Десетици повредени во судар на два воза во Чешка

M T

Кинеските бродови не ја напуштаат спорната територија, Јапонија протестира

CENTAR MKD