11.8 C
Скопје
25. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
фото Pixabay/Илустрација
КОРОНАВИРУС

Вакцината на „Фајзер“ помалку ефикасна против делта-сојот на коронавирус, објави Mинистерството за здравство на Израел

Министерството за здравство на Израел објави дека ефикасноста на вакцината „Фајзер“ е помала против делта-сојот на коронавирус и дека спречува само 64 проценти од заразата, додека заштитата од тешки форми на Ковид-19 останува висока.

Според податоците на министерството, ефикасноста на вакцината „Фајзер / Бионтек“ значително се намали во последните неколку недели, бидејќи се прошири поагресивниот делта-вид на коронавирусот.

Според министерството, ова е случај и со превенција на симптоматски болести, но вакцината сепак многу ефикасно штити од сериозен тек на болеста и хоспитализација, и тоа дури со 93 проценти.

Во февруари, израелското Министерство за здравство објави дека вакцината на „Фајзер“ спречува Ковид-19 со ефикасност од 95,8 проценти, симптоматска болест во 98 проценти од случаите, додека ефикасноста во однос на спречување хоспитализации и смртни случаи е 99 проценти.

Поради високата стапка на вакцинација, Израел има добри резултати во борбата против коронавирусот и иако е регистриран зголемен број на новозаразени последните две недели како резултат на силно заразниот делта-сој, не е пријавена смрт во истиот период.

Прелиминарните откритија од друга шкотска студија, објавена во списанието „Лансет“ минатиот месец, покажаа дека вакцината на „Фајзер“ обезбедува 79 процентна заштита од делта-сојот, во споредба со 92 проценти на оние предизвикани од алфа-сојот.

Истата студија која ги анализирала податоците за 5,4 милиони луѓе во Шкотска открила дека вакцината на „Астра зенека“ обезбедува 60 проценти заштита од зараза со делта-видот, во споредба со 73 проценти за претходниот доминантен алфа-сој.

Спонзорирано:

Можеби ќе ве интересира

Пристигнаа над 250.000 дози на „Фајзер“ како донација од Италија

M T

Директорот на „Фајзер“: Годишните вакцини против ковид би биле подобри од честите бустери

M T

Шефот на Фајзер: Омикронскиот бран е последниот во кој ќе имаме такви ограничувања

M T

ЕMA: Лекот на „Фајзер“ против Ковид-19 ќе биде во употреба за неколку недели

M T

Фајзер прави вакцина против сојот омикрон

M T

ЕУ нарачува повеќе од 180 милиони дози oд вакцината „Фајзер“ адаптирана на Омикрон

M T