3.8 C
Скопје
19. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
КОРОНАВИРУСИЗБОР

Пандемијата на коронавирусот во моментов е во многу опасна фаза, смета шефот на СЗО

Генералниот директор на СЗО, Тедрос Аданом Гебрејезус, смета дека пандемијата на коронавирусот во моментов е во многу опасна фаза.

„Иако постигнавме напредок во контролирање на пандемијата, таа сè уште е во многу опасна фаза“, рече шефот на СЗО на состанокот на ACT (Accelerator Council), глобалната рамка за соработка против Ковид-19, пренесуваат агенциите.

Тедрос верува дека во сегашната ситуација, единствениот излез е да се поддржат земјите во фер дистрибуција на опрема за лична заштита, тестови, третман и вакцини, бидејќи земјите со доволно инструменти за борба против новиот коронавирус веќе почнаа да ги олеснуваат ограничувањата на пандемијата, додека оние кои речиси и да немаат притап до ваквите ресурси се соочуваат со закана од нови бранови, хоспитализации и смртни случаи.

„Бројот на новозаразени со коронавирус и смртни случаи генерално може да се избегне доколку се користат сите алатки што ни се достапни за да спречиме пренесување на вирусот“, нагласи директорот на СЗО.

Тој исто така смета дека потпирањето на само неколку компании за снабдување со глобални јавни добра се покажа како ограничено и ризично и дека треба да се извлечат поуки од пандемијата со Ковид-19 за светот да биде подготвен за следната.

Од почетокот на пандемијата со Ковид-19, во светот се регистрирани 183.934.913 случаи на заразени со коронавирус, додека според СЗО бројот на смртни случаи како последица на оваа болест е 3.985.022 лица.

Можеби ќе ве интересира

Заедно заштитени-вакцините делуваат – Караванот за информирање и вакцинација ќе посети 24 локации низ земјата

M T

Забележани големи разлики во просечниот животен век во текот на втората година од Ковид-19

M T

Пердасдефогу – Градот со најмногу стогодишници во светот

M T

Регистрирани се 81 новозаразени со коронавирус, нема починати лица

M T

Мангер: Доларот ќе стане безвреден, на светот му се заканува целосен колапс

M T

Гутереш: Светот е во опасност

M T