10.8 C
Скопје
18. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
КОРОНАВИРУС

Делта сојот влијае на младите – нема колективен имунитет додека не се вакцинираат, велат германските имунолози

Колективен имунитет на коронавирус веројатно нема да се постигне без вакцинирање на деца и адолесценти, објави германското здружение за имунологија (DGfI).

„Обично се смета дека колективен имунитет се постигнува кога 60-70% од населението е заштитено од патогени микроорганизми. Но, тоа претпоставува дека вирусот не може да се репродуцира кај овие лица“, изјави за медиумите потпретседателот на DGfI, Рајнхолд Форстер.

Форстер нагласи дека со вирусот Сарс-Ков-2 е поинаку: луѓето можат да го пренесат вирусот иако не се болни, па дури и ако се вакцинирани.

Делта варијантата на вирусот само ја влошува таквата ситуација, додава тој.

„Оваа варијанта е многу позаразна и силно ги погодува адолесцентите и децата“, објаснува Форстер. „Сè додека таа група воопшто не е вакцинирана или е малку вакцинирана, колективниот имунитет нема да се постигне“.

Според германскиот институт за контрола на болести Роберт Кох, најмалку 85 проценти од популацијата на возраст меѓу 12 и 59 години и 90 проценти од оние над 60 години мора да бидат вакцинирани за успешна борба против делта варијантата.

„Ако оваа стапка на вакцинација се постигне навреме, најавениот четврти бран за есен/зима ќе биде малку веројатен“, објави РКИ во понеделникот.

Комисијата за вакцинација досега не издаде општа препорака за вакцинирање на деца и млади над 12 години и нема одобрена вакцина за деца под 12 години.

Спонзорирано:

Можеби ќе ве интересира

Маричиќ: Со европската перспектива обезбедуваме повеќе европски програми и нови можности за младите

M T

Нови 75 позитивни на коронавирус, пријавени се 2 починати лица

M T

Младите да бидат активно вклучени во носењето на одлуки – Клубот на млади пратеници и ИДУЕП во заедничка посета на Валандово

M T

Битиќи на конференцијата на ОЕЦД: Младите треба да имаат место на масата, нивниот глас мораме да го слушаме кога носиме одлуки за нивната иднина

M T

Во Хрватска денеска почнува вакцинацијата против омикрон

M T

Оваа вакцина ќе го промени светот

M T