10.8 C
Скопје
20. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Австрија ги стави сите земји од Западен Балкан на зелената листа

Сите земји од Западен Балкан од четврток ќе бидат на епидемиолошката зелена листа на Австрија.

Како што е најавено во Виена, со уредбата што ќе стапи на сила во четврток, 8 јули, граѓаните на сите земји од Западен Балкан ќе можат да влезат во Австрија.

Досега само Србија и Македонија, како и Албанија беа на зелената листа, а сега се и Босна и Херцеговина, Црна Гора и Косово.

Патниците што доаѓаат од зелените земји ќе можат да влезат во Австрија без карантин доколку имаат потврда за вакцинација, со вакцини признати од Европската агенција за лекови (ЕМА) – „Фајзер“, „Модерна“, „Астразенека“ и „Џонсон и Џонсон“ и Светската здравствена организација (СЗО) – кинеските „Синофарм“ и „Синовак“.

Оние кои немаат потврда за вакцинација, мора да имаат потврда за прележан Ковид -19, негативен ПЦР или антиген тест.

Патниците што доаѓаат од земјите на зелената листа не мора да пополнуваат електронска регистрација пред патувањето.

Со новата уредба, Русија е вклучена меѓу земјите каде се шири нов вид на вирусот, поради што секој што ќе дојде во Австрија по престојот во таа земја ќе мора да биде ставен во карантин.

Ова веќе важи за Велика Британија, Бразил, Индија и Јужна Африка.

Спонзорирано:

Можеби ќе ве интересира

Албанец осуден на доживотен затвор во Австрија, ја избодел сопругата до смрт бидејќи за појадок му послужила супа

M T

Претседателот на Австрија се лизнал додека се шетал во парк, добил помал потрес на мозокот

M T

Од 1 август нови правила за влез во Австрија поради корона вирусот

M T

Карл Нехамер: За Австрија членството во НАТО не доаѓа предвид

M T

Австрија ги укина сите мерки за ковид

M T

Австрија планира да ги конфискува автомобилите од несовесните возачи

M T