15.8 C
Скопје
29. март 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
фото official fan page of Boris Johnson/ www.facebook.com/borisjohnson/
СВЕТ

Џонсон денеска ќе објави нов план за попуштање на мерките

Британскиот премиер, Борис Џонсон, денеска ќе претстави план за последниот чекор од мерките за олеснување во Англија, вклучувајќи упатства за физичко растојание, носење маски и работа од дома, објави владата.

Другите законски ограничувања во борбата против Ковид-19 треба да бидат укинати на 19 јули, а одлуката за тоа се очекува на 12 јули.

Податоците сугерираат дека случаите на коронавирус ќе се зголемат доколку се олеснат мерките, но владата соопшти дека програмата за вакцинација го намалила бројот на хоспитализации и смртни случаи.

Од Џонсон се очекува да каже дека луѓето ќе научат да живеат со Ковид-19 како што тоа веќе го сторија со грипот, што значи дека ќе се појават хоспитализации, посериозни болести и смртни случаи, но во помал број отколку пред распространетата вакцинација.

Во Велика Британија 86 проценти од возрасните ја примиле првата доза и 64 проценти добиле две дози до неделата, покажуваат бројките на владата.

Но, инфекциите се зголемија во последните неколку недели и во нив доминира делта-варијантата. Последниот чекор за олеснување на мерките е веќе поместен за четири недели за да се вакцинираат што е можно повеќе луѓе.

Податоците на јавното здравство во Англија покажуваат дека вакцините се многу ефикасни во спречување сериозни болести и хоспитализации од таа варијанта, соопшти владата.

Спонзорирано:

Можеби ќе ве интересира

Нови 75 позитивни на коронавирус, пријавени се 2 починати лица

M T

Почна државниот погреб на Шинзо Абе, строги безбедносни мерки во Токио

M T

АФПЗРР : Реализирана исплата на директни плаќања по повеќе мерки

M T

ЕК објави предлози за мерки за енергетската криза

M T

Шолц: Благодарение на мерките, имаме добри шанси да ја пребродиме зимата

M T

Нов Зеланд ги укинува скоро сите мерки за Ковид-19

M T