14.8 C
Скопје
24. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
Uncategorized

Во Канада околу 500 починати поради екстремно високи температури

Властите во провинцијата Британска Колумбија во западна Канада објавија зголемување на бројот на ненадејни смртни случаи поврзани со екстремно високи температури, наведувајќи дека речиси 500 луѓе починале како резултат на топлотниот бран.

Властите предупредија дека бројот на починати од горештините може да продолжи да расте.

Здравствените служби порачуваат дека ќе поминат неколку месеци пред да се утврди со сигурност што предизвикало такво зголемување на бројот на ненадејни смртни случаи, но предупредуваат дека топлото време е несомнено една од причините, особено кај постарата популација.

Високите температури предизвикаа и шумски пожари во кои загинаа најмалку две лица, а селото Лајтон беше целосно изгорено.

Заклучно со синоќа, во Британска Колумбија се пријавени 136 шумски пожари.

Спонзорирано: