4.8 C
Скопје
19. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
КОРОНАВИРУССВЕТ

Слободен ден и ваучер од 50 евра за вакцинираните во Црна Гора

Во Црна Гора сите пензионери кои ќе се вакцинираат против коронавирус во јули, ќе добијат ваучер за туризам од 50 евра.

Министерството за здравство, исто така, информира дека вработените во државните институции ќе добијат слободен ден по вакцинирањето.

Сите граѓани на Црна Гора, пак, кои биле вакцинирани со вакцината на „Синофарм“ или „Спутник в“, заради патување во странство, а доколку одредена земја го бара тоа, ќе добијат бесплатно тестирање во Институтот за јавно здравје.

Со новите епидемиолошки мерки во Црна Гора, кои ќе важат до 16 јули, се зголемува бројот на посетители на спортски настани, од 10 на 30 проценти од капацитетот.

Исто така, продолжен е терминот за изведување музика во живо во градините и на терасите во рестораните. Наместо од 20 до 23 часот, музика во живо на отворено ќе може да се изведува од 20 часот до полноќ.

Новите мерки, исто така, го проширија списокот на земји чии граѓани можат да влезат во Црна Гора без тест или доказ за вакцинација против коронавирус, па од утре граѓаните на САД и Канада можат слободно да влезат во таа земја, пренесуваат црногорските медиуми.

Можеби ќе ве интересира

ИЈЗ: Заклучно со 28.02.2022, вакцинирани се вкупно 870.405 лица

M T

Германски виролог предупредува: Време е само вакцинираните да имаат целосна слобода

M T

МЗ: 69% од новите случаи и 80% од починатите, со Ковид 19 се невакцинирани

M T

Новогодишна ноќ на „Тајмс Сквер“ само за вакцинираните

M T

МЗ: 72% од новите случаи и 78% од хоспитализираните, со Ковид 19 се невакцинирани

M T

МЗ:73% од новите случаи и 75% од хоспитализираните, со Ковид 19 се невакцинирани

M T