5.8 C
Скопје
29. март 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
фото Pixabay
СВЕТ

Португалија го враќа полицискиот час

Ноќен полициски час ќе биде воведен во неколку португалски општини, вклучувајќи го главниот град Лисабон и градот Порто, додека властите се обидуваат да го стават под контрола зголемениот број на заболени со коронавирус.

Полициски час од 23 часот навечер до 5 часот наутро од денеска повторно е воведен во 45 општини со висок ризик, вклучително и туристичкото место Албуфеира во сончевиот јужен регион Алгарве.

Вчера во Португалија беа потврдени 2.449 нови случаи, што е најголем пораст од средината на февруари. Бројот на смртни случаи од коронавирус остануваат далеку под нивото од февруари.

„Немаме околности да тврдиме дека пандемијата е под контрола“, рече министерката Маријана Виеира да Силва.

Нови случаи се пријавуваат претежно кај невакцинирани помлади лица.

Спонзорирано:

Можеби ќе ве интересира

Во Ирпин кај Киев е на сила тридневен полициски час, денеска има девет коридори

M T

Укинат полицискиот час во Киев

M T

Португалија воведува рестриктивни мерки и за вакцинираните

M T

Полициски час и забрана за музика во Солун, Халкидики и Лариса

M T

Албанија го враќа полицискиот час и најави задолжителна вакцинација за некои граѓани

M T

Талибанците воведоа полициски час во Кабул

M T