Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
Свет

(Видео) Снимка која ја згрози Италија: Затворски чувари дивјачки тепаат затвореници

Снимки од италијански затворски чувари кои жестоко тепаат затвореници со палки и тупаници по минатогодишните протести во врска со пандемијата на коронавирус, ја шокираа Италија во средата и ја налутија министерката за правда.

Претепувањето се случило на 6 април 2020 година, во затворот Санта Марија Капуа Ветере, северно од Неапол, а снимките од надзорните камери беа објавени во средата од дневниот весник „Домани“.

Снимката предизвика осуда од дел од политичките кругови, но и изрази на поддршка за чуварите.

Министерката за правда, Марта Картабија, рече дека ваквите постапки го нарушуваат достоинството на затворениците, но и униформата што секој вработен во затворот, маж и жена, треба да ја носи со гордост и повика на темелна анализа на настаните.

Државното обвинителство лани започна истрага откако беа покренати тужби за насилство од затворските стражари, ден по протестот предизвикан од информација за позитивен случај на Ковид-19 меѓу затворениците.

52 вработени во затворот се уапсени оваа недела или се известени за судска постапка против нив под сомнение за тортура, насилство и злоупотреба на моќ. Истрагата опфаќa повеќе од 110 лица.

Видеото, кое трае нешто повеќе од шест минути и е направено од снимки од надзорните камери поставени во ходниците и скалите на објектот, покажува десетици чувари, од кои многумина имаат шлемови и штитови, како безмилосно ги тепаат затворениците.

Овие се обидуваат да се заштитат со прескокнување на кордонот чувари кои со нозе и палки ги удираат по главата. Некои ползат и се гледа дека имаат болка.

Еден затвореник во инвалидска количка бил удрен во грбот, а најмалку тројца мажи биле претепани од чуварите додека лежеле на земја.

Од СМС-пораките што ги размениле чуварите, може да се види дека акцијата во која учествувале повеќе од 280 припадници на затворската полиција била планирана и замислена како одмазда.

Можеби ќе ве интересира

Во Италија од денеска задолжителен зелен пасош за сите вработени

M T

ДАНСКА – На затворениците кои издржуваат доживотни казни им е забрането нови романтични врски

M T

Италијанската полиција извршила претрес во домовите на антиваксерите, планирале нереди и насилства

M T