12.8 C
Скопје
19. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

По пеколните жештини, во Канада беснеат пожари

На западот од Канада избувнаа пожари среде бранот од рекордни горештини, принудувајќи ги властите да наложат евакуација на жителите на Литон, мало гратче во провинцијата Британска Колумбија, каде што во текот на неделава три дена по ред беше уриван канадскиот рекорд за највисока температура.

Градоначалникот на Литон, Јан Полдерман, издаде наредба за евакуација и на „Твитер“ предупреди дека пожарот ја загрозува безбедноста на жителите и објектите во ова гратче со 250 жители, на 153 километри североисточно од Ванкувер.

На сите жители на Литон им се препорачува да ги напуштат своите домови и да одат на безбедно место.

„Само 15 минути откако чадот одеднаш се појави, имаше пожар насекаде“, рече Полдерман, а подоцна во интервју за мрежата Си-би-ес тој повтори дека ситуацијата е тешка.

Патиштата што водат северно и јужно од Литон се затворени, додека пожарникарите продолжуваат да се борат со огнот.

Спонзорирано:

Можеби ќе ве интересира

Пожар зафатил 10 ката од зграда висока 218 метри во Кина

M T

Пожар во југозападниот дел на Франција, зафатил четири куќи, стотици луѓе се евакуирани

M T

Најмалку осум загинати, седуммина повредени во пожар во изложбен салон за електрични скутери

M T

Пожар во караоке бар во Виетнам, најмалку 12 лица загинаа

M T

Двајца напаѓачи убиле 10 лица, а повредиле најмалку 15 во Канада

M T

Гори природен парк во Португалија, над 1.000 пожарникари го гаснат пожарот

M T