14.8 C
Скопје
24. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МОЗАИК

Исповед на комичарот чиј живот не е толку смешен „Јас бев само дебелиот смешен пријател на девојките“

Лук успеа да ја насмее секоја девојка што ја запозна во животот, што би се рекло дека е доволно да се оди на состанок со него, но сепак, тоа никогаш не се случи. Заслугата за ова може да се припише на неговиот физички изглед, прекумерниот број килограми кои покрај управувањето со неговиот живот, оставија и големи последици врз неговото ментално здравје.

Тој својата емотивна исповед ја сподели за страницата „Луѓе од Њујорк“.

– Не ги обвинувам девојките. Во принцип, ги разбирам. Но, јас отсекогаш сакав сопруга и деца и сега кога стареам се станува пореално – никогаш не сум имал девојка. Јас секогаш бев дебелиот, духовит пријател. Единствено во што сум добар е да ги насмеам другите. Тоа е најдоброто нешто на светот, некој лудо да се забавува поради вас – ја започнува својата приказна Лук.

Тој вели дека секогаш живеел за тоа чувство – да ги насмее другите и се обидел да го стори тоа во основно и средно училиште, но како што растел, нешто се сменило.

– Сите мои шеги станаа за мене. Кога ќе дојде време да јадам роденденска торта на забава, секогаш се шегував со големината на парчето следува за мене. Кога станува збор за скокање во базен, фрлам шега за соблекувањето на маицата – „Се наоблачи“ и тоа секогаш предизвикува смеа. Тоа е добро, но и лошо. Затоа што мислам дека никогаш не сум ја соблекол маицата без да коментирам нешто. Тоа е мојот одбранбен механизам. Јас го правам тоа за да не го сторат другите, но мислам дека тие долгогодишни шеги многу ме повредија – искрено зборува момчето.

Тој вели дека поради тоа другите луѓе го гледаат само како „дебелото момче“, но дека ни тој не мисли ништо друго за себе.

– Дури и името на Твитер ми гласи „дебел“, а во описот пишува: „Дебел бел човек со очила“. Тоа стана мој идентитет. Јас сум само дебел, смешен идиот. Тоа е она што јас го мислам за себе и се чини дека и сите други мислат така “. Секој пат кога сум во чекалната, седиштето е премало за мене. Или кога одам во продавница. Толку се вознемирувам што едвај разговарам со лицето што стои зад тезгата. Терапевтот ми вели: “Ти си добар и пријатен млад човек, кому му е гајле?” и тој е во право, разбирам, но во исто време, ако не сум дебел – веројатно ќе имам девојка – вели Лук.

Тој додава дека се обидува да се сака секој ден и да работи на самодовербата.

– Работам во компанија за курири и секогаш кога ќе заборавам нешто во возилото, мојот ум веднаш вели: „Ти си дебел идиот“. Но, се обидувам да се запрам и наместо тоа да кажам: „Не си, само заборави, луѓето забораваат“. Се обидувам да го вратам Лук, убавото, забавно момче кое ги сака своите пријатели и семејство. Не дебелиот Лук, туку оној Лук пред да почне да се злоупотребува себеси – заклучи момчето.

Спонзорирано:

Можеби ќе ве интересира

Исповед на маж кој ги прележа мајмунските сипаници: „Врискав од болка“

M T

Исповед на маж за кој зборува “интернетот”: „Мојата девојка чува слики со бившиот во мобилниот“

M T

Почина комичарот Боб Сагет

M T

Болна исповед на жртва на трговија со луѓе: „Од 15 години бев во ропство, сакав да умрам“

M T

Талибанците убиле авганистански комичар кој им се потсмевал на „Тик-ток“

M T

Потресна исповед на медицинска сестра која е на фронтот против корона: „Сите велат дека ние сме овци, а луѓето умираат“ (Видео)

CENTAR MKD