19. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Словенија утре го презема претседателството со ЕУ, проширувањето најавено како приоритет

Проширувањето на Европската унија, како еден од главните приоритети на словенечкото претседателство со ЕУ, е клучен стратешки одговор на бројните проблеми со кои се соочува непосредното соседство на ЕУ, објави словенечката влада по повод утрешното словенечко преземање на претседателството со ЕУ.

Словенечката влада соопшти дека ЕУ мора да вложи заеднички напори да работи на проширување со земјите од Западен Балкан, истакнувајќи дека самитот ЕУ-Западен Балкан ќе се одржи во Словенија на 6 октомври.

Словенечкиот премиер Јанез Јанша вчера на Брдо кај Крањ се состана со амбасадорите на земјите-членки на ЕУ на работен ручек, со цел да ги запознае со клучните приоритети на словенечкото претседателство со Советот на Европската унија, кое започнува утре.

Состојбата со Ковид-19, економско закрепнување, подобрување на отпорноста, Конференцијата за иднината на Европа и проширувањето на ЕУ се најважните теми на словенечкото претседателство.

Другите главни теми во втората половина на годината се миграцијата и зелената и дигитална транзиција, се наведува во соопштението на словенечката влада издадено по состанокот на Јанша со амбасадорите.

Спонзорирано:

Можеби ќе ве интересира

ЕУ воведе санкции кон Иран

M T

Борел: ЕУ зависи од Русија и Кина, но и од САД

M T

Во Словенија падна снег

M T

Оливер Вархељ: Западен Балкан е геостратешки приоритет повеќе од кога било

M T

Каевски: Историско поглавје од преговорите со ЕУ, започна скрининг процесот

M T

ЕУ ги продолжува индивидуалните санкции против Русија за шест месеци

M T