9.8 C
Скопје
25. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Седумгодишно момче почина по насилен тренинг во џудо, во Тајван

Седумгодишно момче од Тајван кое 27 пати падна на тренинг по џудо и од април е во кома, ја загуби битката во животот.

Во април, момчето доби интрацеребрална хеморагија (крварење) по тренингот по џудо, во кое неговиот постар пријател и тренер за обука го фрли на подот 27 пати, пишуваат медиумите во таа земја.

Подоцна, момчето, чиј идентитет не беше откриен, падна во кома, а потоа ја загуби битката со животот.

Тренерот на момчето е обвинет за физичко малтретирање и сериозни повреди што му ги нанел на момчето и дека сторил кривично дело, според локалните медиуми.

Тренерот, чие презиме е Хо, добил кауција во износ од 3.583 долари.

Седумгодишното момче присуствуваше на обука по џудо на 21 април, а на обуката го донел неговиот чичко, кој наводно го снимал за време на часовите за да и докаже на мајка му дека не му треба обука по џудо.

Видеото покажувало како еден постар пријател од тренингот го фрла на земја. На видеото се гледало како момчето вреска, но тренерот му наредил да стане и да му каже на постарото момче да продолжи да го фрла, пред тој сам да го сруши на земја.

На крајот момчето се онесвестило, иако, како што тврди неговото семејство, тренерот го обвинил дека се преправа дека е во бесознание.

Се поставува и прашањето зошто чичкото кој снимал сè не го запрел тренерот, но експертите во Тајван велат дека веќе долго време постои традиција на почитување на наставниците и предавачите – што понекогаш значи прифаќање на нивниот авторитет без оглед на околностите.

Мајката на момчето изјавила дека вујкото на момчето се чувствувал страшно поради она што се случило.

Подоцна се дознало дека тренерот останал без лиценца.

Спонзорирано:

Можеби ќе ве интересира

Дечко ја оставил девојката поради новогодишен подарок: „Ова е навистина евтин потег“

M T

Мечка во САД нападнала момче во двор

M T

Момче е пронајдено мртво во соба, мајката вели дека е жртва на смртоносен предизвик од социјалните мрежи

M T

Тајван со порака до Пекинг: Ќе го искористиме правото на самоодбрана

M T

САД и Тајван најавија почеток на официјални трговски преговори

M T

Тајпеј: Кина води информативна војна против Тајван

M T