8.8 C
Скопје
18. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
ТЕМАСВЕТМОЗАИК

Ресторан со погрешни нарачки – нарачувате едно, добивате друго

Веројатно сте запознаени со ситуацијата во ресторан кога нарачувате едно, а добивате нешто сосема друго. Иако е прилично фрустрирачки, еден ресторан го нуди токму тоа.

Ресторанот со погрешна нарачка – се појави во Токио, а неговата мисија беше да ангажира келнери со деменција.

Се започна од претпоставката дека персоналот кој има деменција веројатно и погрешно ќе ја разбере вашата нарачка.

Но, ако го знаете ова однапред, тоа целосно ја менува вашата перцепција за оние кои страдаат од оваа болест.

Ова искуство ќе ве натера да сфатите дека со малку разбирање од наша страна, пациентите со деменција можат да бидат функционални членови на општеството.

Покрај тоа што им помага на луѓето со деменција, овој ресторан е и многу забавно место.

Кога знаете дека шансите да го добиете нарачаното се мали, има нешто во пресрет на она што ќе се појави во чинијата пред вас.

Според блогерите кои го посетиле овој ресторан, сè што е во него е многу вкусно, така што ќе бидете задоволни со што и да добиете.

Така, блогерката Мизухо Кудо, која го посети овој необичен ресторан, нарача хамбургер и доби кнедли „гиоза“.

И покрај тоа, таа била воодушевена од ова искуство, а кнедлите, како што вели, биле многу вкусни.

Планот на авторите на оваа идеја е да се отвори уште еден сличен „поп-ап“ ресторан во септември, кој ќе биде посветен на одбележувањето на Светскиот ден на Алцхајмеровата болест.

Можеби ќе ве интересира

Сочни БУРГЕРИ со сланина и сирење – Совршен рецепт КАКО ОД РЕСТОРАН

M T

Гостите збунети: Ресторанот добил голем број закани поради поврзаноста на името на специјалитетот со Путин

M T

Во Црна Гора зголемен бројот на заразени со Ковид-19, можно затворање на рестораните

M T

Експлозија на гас уништи цел ресторан во Кина, има загинати и повредени

M T

Влез во ресторан во Швајцарија само со ковид – потврда

M T

Тајни на бонтонот: Еве како да му оставите порака на келнерот со помош на вилушка и нож

M T