11.8 C
Скопје
28. март 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
КОРОНАВИРУССВЕТ

Премиерот на Луксембург позитивен на Ковид, по самитот со Меркел, Макрон и други лидери на ЕУ

Премиерот на Луксембург, Ксавиер Бетел е позитивен на Ковид-19, има лесни симптоми и ќе биде во самоизолација 10 дена, објави владата на Луксембург.

Бетел кој има 48 години се тестирал на коронавирус и резултатот бил позитивен, а бил потврден и со уште еден последователен ПЦР тест.

„Премиерот во моментов покажува благи симптоми (треска, главоболка) и ќе продолжи да ги извршува своите должности и функции од далечина“, се наведува во соопштението на неговиот кабинет.

Според владата на Луксембург, Бетел примил само една доза од вакцината на „Астра зенека“ на 6 мај, а требало да прими втора доза оваа недела.

Бетел учествуваше на дводневниот самит на ЕУ во Брисел оваа недела, на кој учествуваа францускиот претседател Емануел Макрон, германската канцеларка Ангела Меркел, италијанскиот премиер Марио Драги и други европски лидери.

Спонзорирано:

Можеби ќе ве интересира

ЕУ воведе санкции кон Иран

M T

Борел: ЕУ зависи од Русија и Кина, но и од САД

M T

Нови 75 позитивни на коронавирус, пријавени се 2 починати лица

M T

Каевски: Историско поглавје од преговорите со ЕУ, започна скрининг процесот

M T

ЕУ ги продолжува индивидуалните санкции против Русија за шест месеци

M T

СДСМ: Започнува скрининг процесот, нов чекор од патот кон ЕУ

M T