12.8 C
Скопје
25. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Нов напад во Германија, маж прободел двајца минувачи со нож

Германската полиција започна потрага, во која учествуваат и хеликоптерски единици, по напаѓачот кој утрово избоде двајца случајни минувачи во градот Ерфурт.

Двете жртви на овој напад, на возраст од 45 и 68 години, се наоѓаат во болница.

Полицијата го опишува напаѓачот како 20-годишник, со руса коса и лице со лузна објавија медиумите, додавајќи дека напаѓачот зборува германски.

Во исто време, во тек е истрага за смртоносниот напад со нож минатиот петок во Вирцбург, кога три лица го загубија животот, а полицијата се сомнева дека мотивот за нападот е исламски екстремизам.

Спонзорирано:

Можеби ќе ве интересира

Сирени утрово во Киев – Нов напад на Запорожје

M T

Двајца полицајци прободени со нож во центарот на Лондон

M T

Американка загина во напад на ајкула

M T

Песков: Нападот врз руската амбасада во Кабул е терористички чин

M T

Србин ја избол сопругата со нож

M T

34-годишен човек преживеал напад од алигатор во Флорида

M T