12.8 C
Скопје
28. март 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
Uncategorized

18 лица убиени во пресметка со нарко-картели во Мексико

Безживотни тела на 18 мажи со прострелни рани биле откриени во северниот дел на Мексико, а полицијата се сомнева дека биле убиени во судир меѓу членови на ривалски нарко картели. Телата биле пронајдени во оддалечената рурална област на сојузната држава Закатекас, а има и некои докази дека луѓето биле убиени во судир меѓу вооружени кланови Синалоа и Халиско, изјави портпаролот на мексиканската полиција Росија Агилар.

Властите соопштија дека на местото на настанот биле пронајдени три возила, од кои едното изгорело.

Голем број на други криминални картели се борат за моќ во Закатекас, во кој некогаш доминираше стариот картел Лос Зетас, а најважни од нив се Синалоа, Халиско, Картелот Залив и Картелот од североисток, како и остатоци од Лос Зетас.

До пресметката дошло два дена откако биле пронајдени телата на двајца киднапирани полицајци обесени на надвозник во главниот град на државата Закатекас, а седум мртви биле пронајдени во соседниот град.

Било утврдено дека полицискте службеници се од соседната држава Сан Луис Потоси, кои претходно биле пријавувани за исчезнати, а недалеку од таму, полицијата подоцна пронашла тела на четири жени и тројца мажи со прострелни рани.

Нарко-картелите и претходно ги обесувале телата на жртвите на надвозници како порака до ривалите или властите, но тоа ретко го правеле со припадниците на органите за спроведување на законот.

Спонзорирано: