10.8 C
Скопје
19. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Околу 100 исчезнати по уривањето на зградата во Мајами, Бајден прогласи вонредна состојба

Американскиот претседател Џо Бајден прогласи вонредна состојба во сојузната држава Флорида, по уривањето на зградата во Сурсфајд во близина на Мајами бич, при што загина најмалку едно лице, а 99 се водат како исчезнати.

Бајден исто така нареди испраќање на сојузна помош за да се отстранат последиците од несреќата.

„Претседателот го овласти Одделот за национална безбедност, Федералната агенција за управување со вонредни состојби (ФЕМА), да ги координира сите напори за помош“, се вели во соопштението на Белата куќа.

Спасувачите сè уште трагаат по купиштата урнатини во потрага по преживеани по уривањето на станбената зграда на брегот на океанот, недалеку од Мајами, пренесуваат светските агенции.

Спасувачките екипи забележале удари и други звуци, но не и гласови под урнатините, неколку часа откако се сруши дел од зградата во Сурфсајд.

Засега не е познато што го предизвикало падот на зградата стара 40 години, но познато е дека биле вршени работи на покривот на објектот и други зафати.

Градоначалничката Левин Кава рече дека по 18 часа од уривањето непозната е судбината на 99 лица, но дека некои можеби не биле во зградата за време на трагедијата.

„Во меѓувреме се лоцирани уште 102 лица и за нив сме сигурни дека се безбедни“, додаде Кава.

Претставник на противпожарната служба претходно изјави дека 35 лица биле евакуирани од левата страна на станбениот комплекс, што не се срушил.

Специјални екипи, со помош на обучени кучиња и беспилотни летала извлекоа две лица од урнатините, но едното било мртво.

Директорот на полицијата во областа Мајами-Дејд, Фреди Рамирез, рече дека спасувачите нема да се откажат или да ја прекинат акцијата и дека е можно бројот на жртвите и исчезнатите да се промени.

Спонзорирано:

Можеби ќе ве интересира

Пожар зафатил 10 ката од зграда висока 218 метри во Кина

M T

Еден човек ранет, друг избоден – напад на срби во Мајами

M T

Во гранатирање на зграда во Киев повредени најмалку две лица

M T

Граната погоди зграда – Загинаа осум цивили

M T

Зградата на косовската влада осветлена во боите на украинското знаме

M T

Се урна зграда во Јужна Кореја, исчезнаа најмалку шест лица

M T