3.8 C
Скопје
19. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
фото kremlin.ru
СВЕТ

Кремљ жали што ЕУ е против идејата за самит со Путин

Кремљ објави дека со жалење ја прифатил информацијата дека Европската унија го отфрлила француско-германскиот предлог за започнување дијалог со Русија со организирање самит со претседателот Владимир Путин.

„Претседателот Путин останува наклонет кон идејата за воспоставување работни односи меѓу Москва и Брисел“, рече портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков.

„Знаеме дека голем број земји се спротивставија на овој дијалог и знаеме дека тоа се првенствено „нови“ членки, балтичките земји, Полска… и дека истите овие земји неосновано зборуваат за закани од Русија“, додаде тој.

Една недела по состанокот помеѓу Путин и американскиот претседател, Џо Бајден, германската канцеларка Ангела Меркел и Емануел Макрон изразија желба да организираат состанок со рускиот претседател за да разговараат за прашања важни за ЕУ. Сепак, предлогот ги подели земјитете-членки и не беше постигнат консензус.

Балтичките држави, Полска, Шведска и Холандија се спротивставија на продолжувањето на дијалогот, велејќи дека Путин е одговорен за агресивните потези против европските земји.

„Полска го отфрли овој германски предлог бидејќи смета дека тоа ќе ја зголеми моќта на претседателот Владимир Путин наместо да ги казнува агресивните политики“, коментираше полскиот премиер Матеуш Моравиецки во Брисел.

Портпарол на Кремљ рече дека земјите се оддалечуваат од Русија, прават се’ што можат за да имаат повеќе војска на НАТО на нивната територија и го отфрлаат дијалогот.

Можеби ќе ве интересира

Кремљ: Немаме сознанија дека нашата војска користи ирански дронови

M T

ЕУ воведе санкции кон Иран

M T

Гроси: Се надевам на средба со Путин што е можно поскоро

M T

Борел: ЕУ зависи од Русија и Кина, но и од САД

M T

Бербок го обвини Путин за терор

M T

Зеленски потпиша указ за неможност за преговори со Путин

M T