12.8 C
Скопје
19. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
КОРОНАВИРУСМАКЕДОНИЈАТОП ВЕСТИ

Заев: Очекувам 600 илјади вакцинирани граѓани до септември за децата да тргнат во школо

„Во петок пристигнуваат 100 илјади вакцини на Фајзер“, откри премиерот Зоран Заев во интервјуто за емисијата „Топ тема“. Тој додаде дека викендов со два чартер лета пристигнуваат и по 250 илјади вакцини од Кина.

-Испораките на вакцините кон нас се одвиваат како и кон сите земји. Единствено во регионот Србија успеа да набави повеќе, а им благодариме и што успеаја и нас да ни помогнат. Но доаѓа период кога почнеме да молиме за да се вакцинираат луѓето и ние ќе покренеме кампањи, истакна Заев.

Тој додаде сериозен таргет на властите е до 20 јули со две дози за бидат вакцинирани до 500 илјади граѓани.

-Верувам дека и таргетите до први септември ќе ги исполниме за децата да можат да тргнат во школо, односно да имаме вакцинирано 600 илјади граѓани, заклучи Заев.

Спонзорирано: