7.8 C
Скопје
20. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
ТЕМАМАКЕДОНИЈА

Николовски: На нашиот повик конкурираат и градоначалници кои не се членови на СДСМ

Добро е што по 2003 имаме нова извршна наредба од САД, тоа дава насоки, заинтересираност на нашиот стратешки партнер и член на најелитниот безбедносен клуб, членка на НАТО и и добро е што покрај обврската за договорите кои го обезбедуваат мирот во регионот о оваа наредба е опфатена и борбата против корупцијата, рече во вестите на Сител, Љупчо Николовски вицепремиер за борба против корупција. 
-По средбата со амбасадорката Кејт Брнз можам да кажам дека имаме поддршка преку сите инструменти на УСАИД и американската амбасада, со силна порака дека ние со вакви политики сме на вистински пат, рече тој.

Николовски потврди дека е објавен повик за кандидати за градоначалници.

-Ги бираме најдобрите, отворениот повик значи дека не мора да сте член да се на СДСМ  и трае до 30 јуни, Анкетите покажуваат дека СДСМ е фаворит, имаме висока реализација на проектите, секој ден нашите политичари се со граѓаните, овој викенд во Струга ќе има координација за стратегијата за локалните избори, каде веројатно ќе бидат познати и некои од имињата, ова лето ќе работиме, ќе селектриаме и ќе одбереме најдобри кандидати за нашите граѓани.

Спонзорирано: