11.8 C
Скопје
23. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Незапаметена трагедија во Србија: Се удави полуматурант- другарите се обидувале да го спасат, но безуспешно

A.Н. (15), полуматурант од селото Вирово во Србија, се удави завчера во местото викано Уски вир додека пливал со другарите во реката Рзав.

Како што пишуваат медиумите трагедијата се случила во попладневните часови.

Тинејџерот дошол со своите пријатели на неуредената плажа во време кога беше многу топло. Откако момчето исчезнало во водите, другарите со кои бил тргнале да го бараат, по што најдоа и го извлекоа на брегот и се обиделе со реанимација да го спасат..

Екипите на Итната помош пристигнале за неколку минути и продолжиле со реанимација, но не успеале да го спасат.

Младото момче, како што пишуваат медиумите, завршил осмо одделение, а деновиве требало да слави полуматура.

Момчето било погребано вчера, а покрај родителите и пријателите од училиште, бројни роднини и соседи го испратија на вечното почивалиште.

Спонзорирано: