12.8 C
Скопје
16. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
КОРОНАВИРУСТЕМАМАКЕДОНИЈАТОП ВЕСТИ

Пановски: Сега треба да одиме до крај со попуштање на мерките

Микробиологот д-р Никола Пановски вели дека се надева оти стабизилизацијата на епидемиолошката состојба не е затишје пред бура.

-Со делта сојот ќе видиме што ќе се случува, во светот гледаме, на Балканот ќе видиме. Овие бројки никој не ги очекуваше. Како што не очекував таков страшен бран во пролет, не очекував и ваков брз пад на случаите. И покрај мерките кои се попуштени, еве гледам во Охрид, ретко кој става маски, се собираат младите. Она што го гледаме мене ми е рамно на нула. Помалку од еден процент е со денови и мимо кој тест, дури и најдобриот што постои, ако го направите за било која болест, еве за СИДА, или за Ебола, вие на 4-5.000 испитани секако ќе најдете 5 позитивни што не значи дека се болни, така што прашање е и позитивните дали се воопшто болни, тоа епидемиолизите повеќе знаат. Фактички ние може да сметаме дека кога бројот на позитивни е под 1%, се работи за можеби лажно позитивни или вирусот фактички моментално го нема во државата, изјави Пановски во Утрински брифинг.

Рече дека постапките на здравствените власти се во ред.

– Мислам дека сега треба да одиме до крај во попуштање на мерките. Гледаме дека немаме ширење на болеста. Се уште би ги задржал мерките рестораните да работат на отворено и маските да се носат во затворен простор. Маската е важна заради делта сојот, кој ако влезе кај нас брзо би се проширил доколку има луѓе кои се осетливи на него, имајќи предвид дека за жал, со скапо платена цена, населението е имунизирано по природен пат, вели Пановски и додава дека можно е да има нов бран, но тој нема да биде ни приближно онаков како минатите.

Спонзорирано:

Можеби ќе ве интересира

Нови 75 позитивни на коронавирус, пријавени се 2 починати лица

M T

Објавени нови истражувања за потеклото на коронавирусот

M T

Бајден се уште закрепнува од коронавирусот, вели дека се чувствува добро

M T

СЗО: Oчекуваме висока бројка на заразени со коронавирус во текот на летото во Европа

M T

По коронавирусот, цревна болест се појавила во Северна Кореја

M T

ФДА: Вакцината против коронавирус безбедна за деца од шест месеци

M T