10.8 C
Скопје
18. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
Pixabay / Илустрација
КОРОНАВИРУССВЕТ

Тој се лекуваше 14 месеци, а потоа рече дека му е доста од сè: Почина човекот кој повеќе од 14 месеци се лечеше од коронавирусот

49-годишниот Џјсон Келк беше примен во болницата на 31 март минатата година.

Тој остана таму сè до утрово кога беше пренесен во блиската болница, каде ги мина последните часови опкружен со членови на семејството.

Неговата скршена сопруга Су Келк (63) рече дека неговата битка станала премногу тешка и тој донел одлука да престане со лекувањето.

Оддавајќи му почит на нејзината „сродна душа“ со која беше 20 години, Сју додаде:

– Беше многу мирно. Дефинитивно му беше важно да оди по свои услови. Останаа многу тажни луѓе. Луѓето можеби не мислат дека е храбар, но Боже, тој беше храбар. Навистина мислам така – рече таа.

Келк, кој имаше дијабетес и астма тип II, беше примен во болницата на 31 март, а само неколку дена подоцна, на 3 април, беше пренесен на интензивна нега.

Оттогаш е таму и се бори за живот откако вирусот му ги уништи белите дробови и бубрезите.

Келк разви толку сериозни проблеми со стомакот што го хранеа интравенски. Надежта се разбуди во март годинава кога одбележа 15 дена по ред без употреба на респиратор.

Тој бил отстранет од дијализа и уживал во семејната посета на болницата еднаш неделно.

Во тоа време, тој рече дека се надева дека ќе се врати во својот дом, велејќи дека сака да „седи на троседот со Сју и да гледа телевизија“.

Сепак, тој додаде: „Ја изгубив надежта во неколку наврати, главно затоа што дури и сега дестинацијата на која ќе одам изгледа толку далечна“, пишува Јутарњи лист.

Закрепнувањето на Келк беше толку добро што можеше да пие чај и да јаде колачиња, како и да се врати во една од неговите страсти – компјутерско кодирање.

За жал, на почетокот на мај, неговата состојба се влоши и на крајот мораше да помине неколку дена на респиратор повторно, пред да развие две инфекции.

Сју рече дека тој „никогаш навистина не се опоравил“ од нив.

Пред три недели, тој повторно беше ставен на апарати за дишење 24 часа на ден, а Сју рече дека во тој момент решил дека му е доста.

– Тој само сакаше сето тоа да заврши заедно. Антибиотиците делуваа, но неговиот дух исчезна. Мислам дека Келк од февруари 2020 година исчезна – рече Сју и додаде дека Келк бил опкружен со неговите најблиски во моментите пред неговата смрт.

Спонзорирано: