9.8 C
Скопје
24. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
КОРОНАВИРУСТЕМАИЗБОР

Висока температура и губење на чувство за мирис не се повеќе клучни симптоми за коронавирус – Еве кои се симптомите кои најчесто се манифестираат

Според зборовите на британскиот епидемиолог Тим Спектор, симптомите на коронавирусот се променија и тука веќе не се главни високата температура и губиток на чувството за мирис и вкус.

– Забележавме постојана кашлица како еден од покласичните симптоми на ковид-19 – рече Тим Спектор, пренесува „The Sun“, наведувајќи дека главоболка, течење на нос, болно или суво грло, кивање и кашлица во моментов се петте главни симптоми на ковид-19.

Според Тим Спектор, Делта мутацијата на вирусот предизвикува сосема различни симптоми во Велика Британија. Повеќе од една година, луѓето беа предупредувани дека губењето на чувството за мирис и високата температура се два клучни фактори кои укажуваат на тоа дека станува збор за ковид-19.

Наведено е дека ако сте под 40 години, најчести знаци на инфекција се главоболка, болки во грлото и течење на носот, а ако имате над 40 години, покрај главоболка и течење на носот, има и кивање.

– Во моментов, Ковид се однесува сосема поинаку и повеќе личи на настинка кај помладата популација. Тие дури и не знаат дека можеби имаат корона, затоа што се убедени дека станува збор за сезонски вирус. Но, тогаш тие излегуваат, се гледаат и вирусот се шири понатаму – рече професорот Тим ​​Спектор.

Спонзорирано:

Можеби ќе ве интересира

Леукемијата е најподмолниот облик на рак – ова се првите симптоми на злобната болест

M T

Некои се долготрајни и не поминуваат толку брзо: Еве некои од симптомите кои се чувствуваат пред срцев удар

M T

Нови 75 позитивни на коронавирус, пријавени се 2 починати лица

M T

Дали сте под долгорочен притисок: Ова се симптомите на адреналински замор

M T

Откриени се ТРИ различни типови на долгорочен КОВИД, секој со свои симптоми

M T

Три симптоми кои укажуваат на висок лош холестерол

M T