19.8 C
Скопје
16. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Сопственик на дуќан во Германија забранил влез за вакцинирани лица

Во градот Хоф во Баварија, на излогот од една продавница, од неодамна стои натпис: „Пристап само за невакцинирани лица“.

Според магазинот „Феникс“, со натписот на излогот сопствениците на продавницата за традиционални носии (Трахтенладен) во Хоф сакаат јасно да стават до знаење кој е добредојден во нивниот дуќан: „Ве молам, разберете – пристап само за невакцинирани лица“.

Според нивната изјава, газдите сакаат да ја заштитат својата специјализирана продавница за носии, бизнис што го имаат од 2015 година.

„Се чувствуваме непријатно покрај луѓе што се вакцинирани“, вели сопственикот Шулер за inFranken.de. Натписот е поставен на излогот на продавницата од минатиот вторник. „Ние остануваме на нашиот став, без оглед што мислат другите за тоа“, нагласува Шулер.

Тој додава дека не верува во вакцините против коронавирусот затоа што, како што вели, не биле доволно тестирани.

„Не веруваме во овој лек“, категоричен е Шулер.

Сопствениците тврдат дека ја преживеале пандемијата без инфекција и дека сакаат тоа да остане така. „Ние сме здрави веќе една и пол година и сакаме тоа да остане така“, нагласува сопственикот на дуќанот.

Како што вели тој, бизнисот речиси пропаднал поради короната.

„Ние сме мала сезонска продавница и минатата година имавме пад на продажбата од 90 проценти“, посочува Шулер.

Сега кога им е овозможена работата, сопствениците велат дека сакаат да испратат јасна порака за она што го мислат.

Спонзорирано: