15.8 C
Скопје
29. март 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
фото kremlin.ru
СВЕТ

Путин: Преговорите беа добри, амбасадорите се враќаат

Рускиот претседател Владимир Путин на прес-конференцијата по самитот со неговиот американски колега Џозеф Бајден рече дека преговорите биле „добри“. Toj ги нарече разговорите „многу конструктивни“ и рече дека не смета дека има некакво „непријателство“.

„ Немаше непријателство за време на преговорите, нашиот состанок се одржа на „принципиелен начин“. Разговорот беше конструктивен, потенцира тој, како што пренесе „Спутник“.

Според него, постигнат е договор за иницирање консултации за прашањето за стратешка стабилност на институционално ниво. Исто така, беше постигнат договор амбасадорите на Русија и САД да се вратат на своите работни места.

Двајцата претседатели ја допреле и темата за влез на Украина во НАТО. Кога станува збор за обврските на Русија во однос на Украина, Путин рече дека станува збор само за една работа, а тоа е реализација на договорите од Минск, со кои Бајден се согласува, а тоа е во случај Киев да биде подготвен на тоа.

Осврнувајќи се на воените вежби, Путин рече дека Русија спроведува маневри на нејзина територија, како и на САД, но тоа не го прави на начин да ја донесе својата воена опрема до американските граници.

Путин рече дека САД и Русија ќе започнат консултации за прашањето на сајбер безбедноста.

„Се согласивме да започнеме консултации на оваа тема. Според мене, тоа е клучно”, рече Путин. Тој исто така изјави дека прашањето за сајбер безбедност е исто толку важно за Русија, колку што е важно и за САД.

На прашањето за приведениот опозициски лидер Алексеј Навални, Путин повика на непристрасно известување за инцидентот.

„ Ова лице знаеше дека го прекрши законот што постои во Русија и тој е повторен престапник. Тој добро знаеше дека е баран, но сепак се врати во Русија и намерно сакаше да биде уапсен. Тој го направи она што сакаше“, додаде тој.

Спонзорирано: