14.8 C
Скопје
18. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Нови мерки во Србија – дозволени се матурски прослави, угостителите може да работат и на затворено

Поради постабилната епидемиолошка состојба во Србија, од денес во сила се нови мерки, од кои повеќето се однесуваат на угостителските објекти, продавниците за малопродажба, спортските настани и матурските прослави.

Од денеска сите продавници за малопродажба ќе може да работат без ограничувања, угостителските објекти ќе може да работат на отворено без забрани, а во затворени простории до еден часот по полноќ и дозволена е музика.

Исто така, дозволено е присуство на публика на стадионите и сите спортски настани. Капацитетот на отворените објекти е до 50 проценти, а во затворен простор до 30 проценти.

Дозволени се матурски прослави, со максимум 500 луѓе во затворено. Од денеска дозволени се екскурзии.

Мерката за носење маски во затворен простор остана во сила.

Спонзорирано: