15.8 C
Скопје
29. март 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
КОРОНАВИРУСМАКЕДОНИЈА

Стигнаа нови 12.000 дози на фајзерови вакцини

Министерството за здравство информира дека денеска пристигна нова пратка од вкупно 12.870 дози вакцини „Фајзер“ во државата. Станува збор за редовната пратка која ја добиваме секој понеделник од кои 8.190 дози се од билатералниот договор со производителот „Фајзер“, а 4680 во рамките на програмата „Тим Европа“ (Team Europe).
Во текот на утрешниот ден се очекува да пристигнат 20.000 вакцини на Astra Zeneca. Оваа донација е многу значајна за нас.

Голема благодарност до грчкиот народ и до амбасадорот на Република Грција кај нас, Н.Е. Русос Кундурос. Пристигнувањето на новите дози на вакцини се одвива навремено и согласно ова имунизацијата има одличен тек.

Спонзорирано: