13.8 C
Скопје
23. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
Donald Trump/Offical fan page
СВЕТ

Трамп го предупреди Бајден да не заспие на средбата со Путин

Поранештниот претседател на САД, Доналд Трамп му посака на својот наследник Џо Бајден да не заспива на состанокот со рускиот претседател Владимир Путин и да му пренесе поздрави.

„ Со среќа на Бајден во преговорите со претседателот Путин. Не заспивајте на состанокот и ве молам да му ги пренесете моите најдобри желби“, рече Трамп.

За време на изборната кампања, поранешниот претседател на САД постојано го нарекуваше својот противкандидат „заспаниот Џо“.

Трамп истакна дека неговата средба со рускиот претседател во Хелсинки во 2018 година била „одлична и многу продуктивна“.

Претходниот американски лидер изрази верување дека САД, и покрај тврдењата на медиумите, „на тој самит постигнаа многу, вклучително и почит кон претседателот Путин и Русија“.

Средбата меѓу Путин и Бајден ќе се одржи на 16 јуни во Женева.

Кремљ објави дека претседателите имаат намера да разговараат за руско-американските односи, стратешката стабилност, како и борбата против Ковид-19 и решавањето на регионалните конфликти.

Спонзорирано: