3.8 C
Скопје
19. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

„Голдман Сакс“ им даде рок на вработените до кога мора да кажат дали се вакцинирани

Компанијата „Голдман Сакс“ бара од своите вработени да пријават дали биле вакцинирани против коронавирус до четврток напладне.

Барањето, кое беше испратено до вработените со писмо, е последно во низата потези на Волстрит во обид да се нормализира бизнисот откако повеќето вработени во индустријата поминаа повеќе од една година работејќи од дома, пишува „Блумберг“.

Банките имаа рекордна добивка во овој период, но и покрај ова, многу менаџери се пожалија поради работата од далечина. Извршниот директор на „Голдман“, Дејвид Соломон веќе со месеци вели дека сака што побрзо да ги врати вработените во канцелариите.

„ Ова не е идеално за нас и не е ново нормално“, рече Соломон на конференција во февруари. „Тоа е абер што ќе го исправиме што е можно побрзо.