10.8 C
Скопје
23. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
Pixabay
СВЕТ

Руски суд ги прогласи за екстремистички организациите поврзани со Навални

Руски суд го одобри барањето на тужителите и организациите поврзани со опозицискиот лидер Алексеј Навални ги прогласи за екстремистички, соопштија адвокатите на Навални, кој издржува затворска казна.

Пресудата, која стапува на сила веднаш, им забранува на членовите на екстремистичките групи да учествуваат на парламентарните избори годинава, според законот што неодамна беше усвоен.

Навални, кој издржува затворска казна во траење од две и пол години, под обвиненија за кои рече дека се измислени, исто така, тврди дека одлуката на судот да ги прогласи организациите поврзани со него за екстремистички е обид за сузбивање на опозицијата пред парламентарните избори што треба да се одржат во септември.

Спонзорирано: