17.8 C
Скопје
20. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Радев пред Сасоли: Бугарија ја поддржува евроинтеграцијата на Северна Македонија

Бугарскиот претседател, Румен Радев, одржа видеоконференција со претседателот на Европскиот парламент, Давид Сасоли. Во разговорот, инициран од претседателот на Европскиот парламент, се дискутираше за мерките за справување со пандемијата на коронавирусoт, како и за темите на агендата на ЕУ со фокус на политиката на проширување.

Шефот на бугарската држава истакна дека Бугарија принципиелно и доследно ги поддржува европските интеграции на Република Северна Македонија.

Радев, исто така, истакна дека Бугарија очекува одржливи и неповратни резултати во процесот на градење добрососедски односи и во овој поглед најважен е директниот и отворен дијалог меѓу двете страни.

Спонзорирано: