36.8 C
Скопје
23. јуни 2021
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
Македонија Во тренд...

Објавена нова АУДИО снимка: Ние не се бориме со Заев, се бориме со Брисел, со Вашингтон

„Ние не се бориме со Заев, се бориме со Брисел, со Вашингтон. Ова е озбилна и долгорочна стратегија. Ова е стратегија на декомпонирање, да се заврши она што не се заврши во 1913. И оваа мала Вардарска што ни остана и таа да ни ја земат, оти сме папокот на светот, оти е Патот на свилата. Нам не ни треба ЕУ, ние и требаме на неа“, се слуша во новата аудио-снимка објавена на Јутјуб, со фотографија од Јелена Жугиќ, и на која се слуша гласот за кој се тврди дека е нејзин.

За разлика од првата снимка која беше објавена на каналот „Зелен црв“, оваа е објавена на „Голата полјана“. Во снимката која трае две минути се слуша како гласот за кој се тврди дека е Жугиќ кажува дека доколку замине Христијан Мицкоски од ВМРО-ДПМНЕ, тогаш ќе заминат сите.

„Притоа партијата ќе ни ја преземе некакво криминално здружение. Сите оние бомби, криминали, што не демонизираа, не направија бандити, ни го осудија Никола Груевски за Мерцедесот“ се вели во снимката.

Пред неколку дена исто така се објави контроверзна снимка на Јутјуб. Во снимениот разговор може да се чуе како претседателката на Градскиот комитет на Унијата на жени од опозициската партија тврди дека ВМРО-ДПМНЕ е на раб на пропаст, доколку не извојува победа на претстојните локални избори. Федерализација и бегалски кампови се исто така темите кои може да се чујат од женскиот глас, зад кој, според објавата, стои Жугиќ.

Снимките се достапни тука и тука

извор Локално.мк