9.8 C
Скопје
19. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Русија: Пресудата против Ратко Младиќ е исполитизирана, пристрасна и неправедна

Пресудата против генералот Ратко Младиќ е исполитизирана, пристрасна и неправедна, смета Јеена Пањина, членка на Комитетот за меѓународни прашања на руската Дума.

„Меѓународниот суд за поранешна Југославија во својата работа секогаш се водел од политички, а не од правни критериуми. Не случајно 70 проценти од обвинетите и осудените во тој суд се Срби“, рече Пањина.

Таа додаде дека работата на Хашкиот трибунал и Механизмот што го наследи отвораат бројни прашања.

„Не смееме да дозволиме механизмите за меѓународна правда да се користат како инструменти за политичка конфронтација со лидерите кои се непожелни за Западот“, рече Пањина.

Жалбениот совет на Механизмот за кривични судови во Хаг вчера правосилно го осуди Младиќ, поранешен генерал на Армијата на Република Српска, на доживотен затвор за воени злосторства.