19.8 C
Скопје
19. јуни 2021
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
Коронавирус Македонија Во тренд...

Две дози вакцина во Македонија примиле над 150.000 граѓани

Две дози вакцина против коронавирус во Македонија примиле 159.898 граѓани, соопшти Министерството за здравство.

На вакциналните пунктови во државата заклучно со вчера вакцинирани се вкупно 250.813 граѓани. Прва доза вакцина вчера примиле 1.455 граѓани, а вчера вкупно се вакцинирале 10.556 граѓани. Во државата вкупно се аплицирани 410.711 дози вакцини, а ревакцинирани се 159.898 граѓани.

Од Министерството велат дека 48 % од населението над 70 години имаат примено барем една доза вакцина, 42 % од населението над 65 години е вакцинирано со барем една доза вакцина и 35 % од населението над 60 години е вакцинирано со барем една доза вакцина.

Од МЗ наведуваат дека интересот за вакцинација секојдневно се зголемува, а досега бројот на лица кои изразиле желба за вакцинација преку веб-платформата vakcinacija.mk е 444.898 граѓани.