7.8 C
Скопје
20. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
фото: Официјална твитер страница на Џо Бајден
СВЕТ

Бајден во Европа – прво ќе се сретне со сојузниците, па со Путин

Aмериканскиот претседател, Џо Бајден, ќе се бори за, како што вели, дефинирачката битка за демократијата на своето прво претседателско патување во странство, кое почнува денес.

Тој ќе се состане со најголемите американски сојузници во Европа пред состанокот со рускиот претседател Владимир Путин.

Со преполна агенда – присуство на самитите на Г7, НАТО и Европската унија пред состанокот со Путин во Женева – Бајден ќе се обиде да го зајакне Западот, за кој вели дека се наоѓа во „клучна точка“.

„Ова е клучно прашање за нашето време“, изјави Бајден за „Вашингтон пост“ во пресрет на патувањето.

„Дали демократските сојузи и институции, кои толку многу се формираа во минатиот век, ќе покажат издржливост кон современите закани и противници? Верувам дека ќе го направат тоа. Оваа недела во Европа имаме шанса да го докажеме тоа“, додаде тој.

Бајден ќе разговара со партнерите од Г7 (Велика Британија, Канада, Франција, Германија, Италија и Јапонија) од петок до недела во одморалиште во југо-западна Англија.

Потоа ќе ја посети кралицата Елизабета Втора во Виндзор, а потоа лета за Брисел на 14 јуни, каде се одржува самитот на лидерите на НАТО. Еден ден подоцна, тој ќе учествува на самитот на ЕУ.

На крајот од турнејата, тој ќе се сретне со Путин во Швајцарија.

Спонзорирано: