10.8 C
Скопје
25. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
фото: press kit, sputnikvaccine.com
КОРОНАВИРУСТЕМАСВЕТ

Русија регистрираше спреј против Ковид-19, лекот спречува пневмонија

Руското Министерство за здравство го регистрираше лекот „Леитрагин“ за третман и превенција на пневмонија предизвикана од коронавирусот, објави Руската агенција за медицина и биологија преку својата веб-страница.

“Лекот во спреј „Леитрагин“, развиен од Агенцијата за медицина и биологија, е регистриран во Министерството за здравство на Русија. Наменет е за превенција и третман на пневмонија. Целта е да се спречи воспаление на белите дробови, што е една од компликациите од коронавирусот“, се наведува на официјалниот сајт.

Од таму се додава дека производството на лекот е во тек.

За време на клиничкото тестирање, немаше смртни случаи или посериозни компликации кај 320 пациенти со умерени симптоми на Ковид-19, велат здравствените власти.

Пациентите кои го земале лекот „Леитрагин“ се опоравиле во просек за осум дена, додека пациентите третирани со класични методи од Ковид-19 се опоравиле по 14 дена.

Спонзорирано:

Можеби ќе ве интересира

ЛЕСНО И ЕДНОСТАВНО – Направете ваш природен спреј за коса

M T

Нови 75 позитивни на коронавирус, пријавени се 2 починати лица

M T

Во Хрватска денеска почнува вакцинацијата против омикрон

M T

Оваа вакцина ќе го промени светот

M T

Објавени нови истражувања за потеклото на коронавирусот

M T

Бајден се уште закрепнува од коронавирусот, вели дека се чувствува добро

M T