5.8 C
Скопје
29. март 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СПОРТ

Јапонските власти и натаму размислуваат околу мерките за Олимпијадата

Јапонија размислува да бара од навивачите кои ќе присуствуваат на Олимписките игри во Токио да покажат негативни резултати од тест за Ковид-19 или евиденција за вакцинација, објавено е во јапонскиот дневен печат, во време кога ново истражување на јавното мислење покажа дека спротивставувањето за одржување на игрите сè уште е силно.

Јапонија во петокот ја продолжи вонредната состојба во Токио и некои други области до 20 јуни, помалку од два месеца од отворањето на игрите, а довербата во јавноста беше разнишана од четвртиот бран на инфекции и бавната програма за вакцинација, објави „Ројтерс“.

Пристигнувањето на посетители од странство веќе е забрането, а се очекува организаторите следниот месец да донесат одлука дали и под какви услови јапонски навивачи ќе можат да присуствуваат на игрите, кои треба да се одржат од 23 јули до 8 август.

Меѓу другите мерки, како што е забрана на гласно навивање, јапонските весници наведуваат дека владата размислува дали да побара од посетителите да покажат негативен резултат од тест направен во рок од една недела пред да присуствуваат на Олимписките игри.

Главниот портпарол на владата, Кацунобу Като, денеска за новинарите изјави дека не е запознаен со каква било одлука по ова прашање.

Спонзорирано: