20.8 C
Скопје
28. март 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
Uncategorized

Караџиќ: Затворот во Велика Британија е полн со азбест

Поранешниот лидер на босанските Срби, Радован Караџиќ, кој е осуден на доживотен затвор за воени злосторства, му се пожалил на своето семејство дека живее во нездрави услови во затворот во Велика Британија, каде што беше пренесен оваа недела, бидејќи таму имало азбест и дека неговите религиозни права се оспорени.

Ќерката на Караџиќ, Соња Јовичевиќ, во изјава за медиумите потврди дека нејзиниот татко сега е во затвор во пошироката област на Саутемптон.

Таа не го кажа точното име на затворот, но рече дека Караџиќ бил испратен на југот на Англија само за, како што тврди, да им се отежне на членовите на семејството да го посетат.

Таа изјави дека само кратко разговарала со нејзиниот татко на телефон и веднаш сфатила дека ќе има проблеми.

„Што се однесува до физичката состојба во која е донесен и каде што е сместен, тоа е недозволиво. Ако на тоа го додадеме и фактот дека тој е сместен во зграда полна со канцероген азбест, која е забранета во светот, јасно е во какви услови ќе биде тоа “, вели ќерката на Караџиќ.

Хашкиот трибунал го осуди Караџиќ на доживотен затвор во 2019 година, а второстепениот совет му ја зголеми казната од 40 години затвор на кој беше осуден во првостепената постапка.

Тој беше прогласен за виновен за најтешките воени злосторства, вклучително и геноцидот во Сребреница, етички прогон на Бошњаците и Хрватите, тероризирање на Сараево и земање на мировници на ООН како заложници.

Караџиќ сега е пренесен во затвор во Велика Британија.
Судијата Кармел Агиус ги отфрли приговорите на адвокатите на Караџиќ дека неговиот живот ќе биде загрозен во затворот во Велика Британија затоа што голем број муслимани издржуваат казна во тамошните затвори и дека можат да имаат одмаздничко расположение кон него.

Неговата ќерка сега тврди дека всушност најголем проблем е изолацијата на нејзиниот татко од светот и останувањето во средина што не е дел од неговата цивилизација, јазик и култура. Таа посочува дека тој ќе ја практикува својата вера во Велика Британија и ќе пишува стручни и литературни дела.

Спонзорирано: