18.8 C
Скопје
28. март 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
КОРОНАВИРУСТЕМАСВЕТИЗБОР

Србија: Секој петти вакциниран со Синофарм не развил антитела ни по втората доза

Една петина од вакцинираните со кинеска вакцина во Србија немаат очекуван резултат од вакцинацијата и тоа се главно постари од 70 години, покажува студија на Институтот за медицински истражувања.

Студијата која од февруари ја спродува научен тим од Центарот за медицински истражувања во Белград, покажува дека 20 отсто од реквацинираните со „Синофарм“ вакцината во Србија не развиле антителата коронавирусот.

За еден дел од таа група испитаници кои покажале некаков одговор, макар тоа било и под референтните вредности може да се оечкува во случај на контакт со вирусот да бидат барем делимуно заштитени, но има и такви кои ниту малку не реагирале на вакцината, пишува српска „Политика“.

Докторите од Институтот сега се прашуваат како вторите ќе се заштитат од заразата и кога ќе добијат следна вакцина на која организмот би требало да реагира.

-Тоа е дел од популацијата која беше и најревносна во вакцинацијата. Многумина од нив имаат хронични болести и сакаат да се заштитат од Ковид-19. Многу ни е тешко да им објасниме дека сѐ уште не постои можност да добијат некоја друга вакцина. А тука е делот од граѓаните кои работат на такви работни места, па постојано се во контакт со луѓе и стравуваат од заразата, вели д-р Олгица Ѓурковиќ Ѓаковиќ, научен советник на Институтот.

Спонзорирано: