11.8 C
Скопје
29. март 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
КОРОНАВИРУСТЕМАМАКЕДОНИЈА

Од среда укинување на полицискиот час и олабавување на дел од мерките?

Поради драстичниот пад на новозаразени од коронавирус, во текот на утрешниот ден се очекува да се расправа за укинување на полицискиот час, но и дополнително олабавување на мерките за заштита од ковид 19 дознава Centar.mk.

Со оглед на падот на бројот на новозаразени и со оглед на тоа дека дневно се бележат 3 проценти на заразени во однос на тестирани, според сознанија на Centar.mk, се очекува да биде предложено укинување на полицискиот час, кој сега трае од 00 до 4 часот по полноќ.

Се очекува и зголемување на работното место на угостителските објекти.

Сепак за ваквите одлуки треба да се одлучува утре на состанок на кризниот штаб, а во вторник Владата да донесе нови одлуки, кои ќе важат од среда 19. мај, дознава Centar.mk.

Спонзорирано: