15.8 C
Скопје
29. март 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
КОРОНАВИРУСТЕМАСВЕТИЗБОР

Германски виролог: Оние што нема да се вакцинираат неминовно ќе се заразат

Германскиот виролог Кристијан Дрoстен очекува дека населението во Германија ќе добие имунитет против коронавирусот за една и пол година.

Тоа, вели тој, ќе се случи со вакцинација или природна инфекција.

„Овој вирус ќе стане ендемски и нема да исчезне. Секој што ќе одлучи да не се вакцинира неминовно ќе се зарази“, рече Дростен.

Тој посочува дека ништо не може да се стори против тоа бидејќи епидемиолошките мерки со текот на времето ќе бидат повлечени.

По тоа, вирусот ќе циркулира во популацијата кај оние што не биле имунизирани и кај малите деца, кои не може да се вакцинираат. „Вирусот ќе се прошири незабележливо, а потоа ќе наиде на луѓе што не биле вакцинирани“, објасни Дростен.

И следната зима тој очекува сериозни ковид-пациенти на интензивна нега. „Оние што активно ќе се одлучат против вакцината мора да знаат дека активно се одлучиле за природна инфекција“, истакна тој додавајќи дека тоа е слободна одлука на секоја индивидуа.

Спонзорирано: